Created from PDF via Acrobat SaveAsXML --> Mapping table version: 28-February-2003 -->

Mрежниот медиум е долгорочна инвестиција која ќе се користи најмалку 10 до 15 години.

Најкористените медиуми се изградени од бакар, стакло и воздух.

Поголемиот дел од постоечките мрежи користат некој облик на каблирање со бакар, и тоа од следниве видови:
коаксијален кабел (coaxial),

оклопена плетена парица (shielded twistedpair) и

неоклопена плетена парица (unshielded twisted pair).

За мрежи со поголеми брзини, повеќето организации се одлучуваат за користење на оптички влакна (fiber‐optic), иако и бакарните кабли обезбедуваат високи брзини дури и во опсег на Gbps.

Видот на конекторот кој ќе се користи зависи од видот на медиумот како и видот на мрежата.

Изборот на медиумот влијае и врз изборот на видот на мрежните адаптери (NIC) кои ќе се инсталираат на јазлите во мрежата, брзината на мрежата како и способноста на мрежата да во иднина одговори на потребите за надградба и проширување.
Mрежата во иднината не ќе може да одговори на потребите за пренос на податоци кои бараат поголем пропусен опсег (bandwidth‐intensive), ако нема инсталиран соодветен медиум.

Бакарниот кабел е најстариот облик на мрежен медиум;
се применувал во првите IBM мејнфрејм (mainframe) мрежи со користење на оклопени плетени парици.

Постојат неколку типови на бакарен медиум кои овозможуваат различни брзини на пренос и опслужуваат различни видови на мрежи.

Во бакарните медиуми спаѓаат:
коаксијалниот кабел,

Оклопената и

неоклопената плетена парица.

Коаксијалниот кабел е првиот вид на мрежен медиум, користен во Ethernet локални мрежи.

Коаксијалниот кабел е направен од:
една централна бакарна жица (D)

пластичен изолатор, диелектрик,(C)

оклопена заради заштита од интерференција со алуминиумска фолија или жица(B);

надворешната обвивка е направена од пластика и тоа или од PVC или од plenum (A).

Фолијата или жиците треба да бидат заземјени заради заштита од електромагнетна интерференција.

Image:RG-59.jpg

Image:Pnm-pigg.jpg

Постојат повеќе видови на коаксијалникабли кои се користат
како мрежни медиуми

запренос на кабелска телевизија.

Секој тип на коаксијален кабел поседува одредени карактеристики кои одговараат на потребите и начинот на пренос на податоците.

Во умрежувањето каде што се користи коаксијален кабел, се користат два вида:
Дебел коаксијален (Thicknet)

Тенок коаксијален (Thinnet)

„Thicknet“ е оригиналното каблирање кое е користено во Ethernet мрежите –кабелот се протегал низ ѕидовите и користел уред за поврзување –конектор наречен „вампирски убод“ (vampire tap) со кој се поврзувале уредите кон главниот кабел со користење на таканаречен drop cable.

„Thicknet“ уште се означува и со називот 10Base5, кадешто 10 значува преносна брзина од 10Mbps на кабелот, а Base означува начин на пренос по основен опсег „baseband“.

Тенкиот коаксијален кабел –„Thinnet“, уште познат и под ознаката 10Base2, е развиен по имплементацијата на „Thicknet“.

Конекторите кои се користат за поврзување кај „Thinnet“, се познати како BNC конектори и можат да бидат
цилиндрични (barrel) со кои се поврзува еден кабел со друг,

или „T“ конектори со кои се поврзуваат уредите на еден кабел.

„Thinnet“ коаксијалните кабли многу ретко се инсталираат во нови мрежни инсталации,

Нудат едноставен начин за создавање на мрежа со мал број на корисници со користење на физичка топологија на магистрала.

Постојат мрежни адаптери кои имаат приклучок за коаксијален кабел и приклучок за неоклопена плетена парица UTP,
овозможуваат замена на медиумот при проширувањето на мрежата и постепено исфрлање на коаксијалниот од употреба.

Поставувањето на BNC конекторот на кабелот е многу потешко од користењето на Category 5 UTP кабел и RJ‐45 конектори.

Оклопена плетена парица ‐Shielded twisted pair (STP) е составена од пар на бакарни жици кои меѓусебно се преплетуваат.

Париците се покриени со фолија или жичен оклоп, како и со надворешна PVC обвивка.
Оклопувањето треба да биде заземјено

Ознаките со бои за 150 ohm STP‐A кабел, се црвена и зелена за парицата 1 и портокалова и црна за парицата 2.

Видови на оклопени плетени парици

Постојат 5 вида на STP кабли кои се користат во LAN мрежите, дефинирани од страна на IBM.

Се смета дека се помалку чувствителни на интерференција во однос на UTP,

STP трпат појава на преслушување на краевите на кабелот,
кога соседните жици интерферираат со сигнал кој се пренесува од други жици.

Сè помалку се користи за примена во IBM Token Ring околината и постепено се врши негова замена во Category 5 UTP.

Многу ретко се користи во Ethernet мрежите, заради цената и тешкотиите при изведување на терминацијата.

Неоклопена плетена парица ‐Unshielded twisted pair (UTP)е најчестата имплементација на бакарен медиум,
се состои од плетени парови на обоени бакарни жици,

не содржи метална фолија или жичен оклоп како заштита од интерференции.

паровите на жици имаат различен број на вплеткувања по единица мерка за произведување на придушување –укинување (cancellation).

Придушувањето е многу важно во UTP каблирањето затоа што тоа е единствен начин за превенција на интерференцијата.

sl_T568A.gif

Постојат повеќе вида на UTP кабли кои сеидентификуваат според бројот на категоријата. Ознакатаза категоријата се наоѓа на пластичната обвивка и наследнава слика се прикажани ознаките за категоријата наUTP кабел:

Image:UTP cable.jpg

Цврстиот (Solid) UTP, кој се состои од цели непрекинати жици се користи за трајни инсталации, обично заѕидани во канали.

Се простираат (horizontal cross‐connects), и се терминирани на едниот крај со панел за поврзување (patch panel) во ормар за ожичување, а на другиот крај обично со користење на RJ‐45 приклучница (ѕидна).

UTP „stranded“ каблите се состојат од тенки жици (влакна) вплетени во секоја индивидуална жица.

Се користи за „patch cords“ кабли со кои се приклучуваат уредите на RJ‐45 ѕидните приклучници.

Во ормарот за ожичување, „patch“ кабелот се користи за поврзување на панелот за поврзување со хабот или преклопникот.

Image:Rjxx.jpg

UTP каблирањето е поставено на повеќе од 80% од постоечките LAN мрежи.

Каблирањето со оптички влакна се користи како „backbone“ кабел помеѓу мрежните сегменти, а UTP се инсталира како медиум за поврзување на десктоп компјутерите и другите уреди.

Пример, специјална категорија на кабли на Category 5 UTP, подобрена ‐Enhanced Cat 5 или Cat 5e,стандардната спецификација за Category 5 UTP е 100Mbps.

Треба да се земе во предвид дека поставената инсталација треба да трае минимум 10‐15 години, односно неколку пати повеќе од другите мрежни компоненти.

Оптичките влакна нудат повеќе предности во однос на бакарните медиуми и само неколку недостатоци.

Сè повеќе се користи оптиката и за поврзување на десктоп станиците со локалните мрежи.

Користат стакло за јадрото на кабелот, иако се користи и високо квалитетна пластика.

Користењето на оптичкиот медиум во мрежата овозможува избегнување на EMI и RFI.

Оптиката како најбитна карактеристика овозможу