Created from PDF via Acrobat SaveAsXML --> Mapping table version: 28-February-2003 -->

Ethernet/IEEE 802.3,

Token Ring/IEEE 802.5,

Fiber Distributed Data Interface (FDDI).

Претставува податочна мрежа со големибрзини на пренос која покрива релативно малагеографска област.

Поврзува работни станици, персоналникомпјутери, печатари, сервери и други уреди.

LAN протоколите работат на најниските две нивоа на OSIреферентниот модел, физичкото и податочното ниво.

Натпревар за пристап на медиумот помеѓудва или повеќе мрежни уреди, се појавувапри обид за истовремено испраќање наподатоци на мрежата.

Бидејќи уредите не можат да пренесуваатна мрежата истовремено, тоа може да сеоствари на два начини:
сомеханизмот„Carrier Sense Multiple Access Collision Detect“ (CSMA/CD)

и проследување на токени.

Кај CSMA/CD мрежите, преклопниците ја сегментираат мрежатаво повеќе домени на колизии, со што
се намалува бројот на уредите по мрежен сегмент кои ќе сенатпреваруваат за пристап на медиумот

се постигнува подобрување на перформансите на мрежата.

CSMA/CD мрежите работат во „half‐duplex“ начин, што значидодека уредот што испраќа информација, истовремено не можеи да прима, односно не може да ослушнува за друг сообраќај.

Со појавата на преклопниците станало можно и „full‐duplex“функционирањето ‐уредот може и да испраќа и да ослушнуваза сообраќај.
Ethernet сегментот со 100‐Mbps е способен за пренос на податоцисо брзина од 200 Mbps, но само 100 Mbps може да се користат воедна насока.

Пренесувањето на податоци по LAN мрежите може да секатегоризира во три категории:
unicast,

multicast,

и broadcast.

Во „unicast“ преносот, еден пакет се испраќа од извороткон одредиштето на мрежата.

Во „multicast“ преносот, единичниот пакет се копира и сеиспраќа кон одредено множество на јазли на мрежата.

При „broadcast“ пренос, единичниот пакет се копира и сеиспраќа на сите јазли на мрежата.

Поимот Ethernet (Ethernet) се однесува на фамилија производи залокални мрежи опфатени со стандардот IEEE 802.3, кој го дефинираона што е познато како CSMA/CD протокол. Моментно се дефиниранитри брзини за пренос преку оптички кабли и плетени парици:
10 Mbps‐10Base‐T Ethernet

100 Mbps ‐Fast Ethernet

1000 Mbps ‐Gigabit Ethernet

Ethernet е најкористената LAN технологија (се користи кај околу 85% одпостоечките умрежени компјутери), затоа што овој протокол ги имаследните карактеристики:
Лесен е за имплементација, управување и одржување

Евтина имплементација на мрежи

Овозможува флексибилниот на топологијата при инсталација

Гарантира успешна интерконеција и работа на компатибилни уреди, без разликана вендорот(производителот).

Eкспериментална мрежа со коаксијален кабел во 70‐тите, од страна на Xerox корпорацијата, 
со брзини од 3 Mbps и користење на CSMA/CD протоколот за локални мрежи со спорадичен и повремено интензивен сообраќај.

Успехот на тој проект довел до заеднички развој на Ethernet со 10‐Mbps со ознака верзија 1, од страна на конзорциум на компаниите: Digital Equipment Corporation, Intel Corporation, иXerox Corporation.

Оригиналниот IEEE 802.3 стандард е базиран и многу сличен на Ethernet верзијата 1.

Во 1985 е објавен официјалниот стандард со ознака ANSI/IEEE Std. 802.3‐1985.

Ethernet локалните мрежи се состојат од мрежни јазли и медиум за поврзување. Мрежните јазли спаѓаат во две категории:

Податочна терминална опрема (Data terminal equipment DTE) –уреди кои се или извор или одредиште на податочни рамки.
Обично DTE уредите се компјутери, работни станици, сервери за датотеки и печатачи, и обично се нарекуваат крајни станици (end stations).

Податочна комуникациска опрема (Data communication equipmentDCE) –посреднички мрежни уреди кои ги примо‐предаваат рамките низ мрежата.
DCE може да бидат самостојни уреди како што се репетиторите, мрежните преклопници и рутерите, или комуникациски интерфејси како што се мрежните адаптери и модеми.

Медиумите за поврзување ги вклучуваат двата вида на бакарни кабли UTP и STP, како и неколку вида на кабли со оптички влакна.

Наједноставната структура е конекција еден‐еден (point‐to‐point).

Во поврзувањето учествуваат два уреди и тоа може да биде DTE‐DTE, DTE‐DCE, или DCE‐DCE.

Кабелот во конекцијата еден на еден се нарекува мрежен линк, а максималната дозволена должина на кабелот зависи од видот и методот на пренос што се користи.

Оригиналните Ethernet мрежи се имплементирани во структура на коаксијална магистрала.
Должините на сегментите се ограничени на 500 м и најмногу 100 јазли може да се поврзат на еден сегмент.

Сите конекции во мрежата со топологија на ѕвезда се од типот еден‐еден, со користење на плетени парици или оптички влакна.

Како и со сите IEEE 802 протоколи, ISO податочното ниво е поделно во два подслоеви, д , Media Access Control (MAC) поднивото и MAC‐клиент поднивото.

Физичкото ниво на IEEE 802.3 соодветствува на ISO физичкото ниво.

MAC‐клиент поднивото може да биде едно од наведените:

Logical Link Control (LLC), ако уредот е DTE.
обезбедува интерфејс помеѓу Ethernet MAC и повисоките нивоа во протоколниот стек на крајната станица.

Ентитет‐мост, ако уредот е DCE.
Обезбедуваат LAN‐LAN интерфејси помеѓу локални мрежи што користат ист протокол и помеѓу различни протоколи (Ethernet со Token Ring).

MAC нивото го контролира пристапот на јазлите кон мрежниот медиум и е специфично за индивидуален протокол.
Основно барање за комуникација помеѓу два мрежни јазли е дека и двете MAC поднивоа треба да ја поддржуваат истата брзина на пренос.

Физичкото ниво на 802.3 е специфично според брзината на пренос, кодирањето на сигналите и видот на медиум што ги поврзува двата јазли на мрежата.

MAC поднивото има две главни одговорности:

Енкапсулација на податоците, вклучувајќи составување на рамката пред испраќање на мрежата, и парсирање и проверка од грешки по нејзиното примање.

Контрола на пристапот кон медиумот, вклучувајќи и иницијација на испраќањето на рамката и опоравување од неуспешно пренесување.

Преамбула (Preamble PRE).

Ограничувач на почетокот на рамката (Start‐of‐frame delimiter SOF).

Одредишна адреса (Destination address DA)

Изворнаадреса(Source addressesSA)

Должина / вид (Length/Type).

Податоци (Data).

Секвенца за проверка

FCS се генерира од полињата DA, SA, Length/Type, и податочното поле.

MAC ја започнува секвенцата на преносот со префрлувањето на LLC информацијата во рамковниот бафер на MAC подслојот.

Преамбулата и почетниот делимитер се вметнуваат во PRE и SOF полињата.

Одредишната и изворната адреса се вметнуваат во адресните полиња.

Се бројат бајтите од LLC податоците и се вметнуваат во полето за должина или видот на рамката.

LLC податоците се вметнуваат во податочното поле и ако бројот е помал од 46 се дополнува до оваа вредност.

Се пресметува вредноста на FCS преку полињата DA, SA, Length/Type,  и се додава на крајот на податочното поле.

Правилата за пристап на CSMA/CD протоколот може да се сведат на:
„Чувствување на носачот“ (Carrier sense) ‐секоја станица континуирано ослушнува за сообраќај на медиумот и дознава кога ќе се појави слободен период помеѓу преноси.

„Повеќекратен пристап“ (Multiple access) –Станиците може да започнат со пренесувањето секогаш кога мрежата мирува односно нема сообраќај.

Collision detect –ако две или повеќе станици на истата CSMA/CD мрежа, односно домен на колизии, започнат со пренос во приближно исто време,
секоја станица треба да биде способна да ја детектира колизијата пред завршување на испраќањето на рамката.

Секоја станица треба да го запре испраќањето штом ќе се детектира колизија и треба да почека одредено случајно време (одредено со „back‐off“ алгоритам), пред повторниот обид за ретрансмисија на рамката.

Максималното време за детекција на колизијата (прозорец на колизијата, или временски слот) е еднакво на два пати од времето на пропагација на сигналот помеѓу две најоддалечени станици на мрежата.

Минималната должина на рамката и нај&#